Ноќеска околу 02 часот, Б.Л. (22) од Скопје пријавил дека околу 01 часот пред поликлиниката Ченто, физички бил нападнат од страна на четири непознати лица кои што повеќе пати го удриле со тупаници во пределот на главата и телото, со што му нанеле видливи повреди, црвенило и оток во пределот на лицето.

Според пријавата, до физичкиот напад е дојдено без повод и причина, односно додека истиот се движел пеш по ул. “Маџари“, од позади му пришле четирите лица на возраст од 18 до 24 години и физички го нападнале по што се качиле во патничко моторно возило марка “Рено Модус“ и заминале од местото на настанот.

Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.