Полициски службеници биле нападнати од 37-годишен скопјанец, додека бил спроведуван во Психијатриска болница-Бардовци, соопштија од МВР.

Синоќа во 18:50 часот при дадена полициска асистенција на службата за итна медицинска помош за спровод на лицето, М.И. (37) од Скопје, во Психијатриска болница-Бардовци, тој физички ги нападнал полициските службеници и болничкото обезбедување. Лицето е спроведено во болницата, велат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.