СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал вчера поднесе кривична пријава против Ф.М. од Скопје, за постоење основано сомнение дека пријавениот во повеќе наврати врз повеќе лица сторил кривично дело „измама“ по чл. 247 од Кривичниот законик.

Имено, како што соопшти МВР, преку социјалните мрежи пријавеното лице објавило огласи за продажба на апарати – бела техника, што не ги поседува и со измама ги довел во заблуда оштетените лица, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вкупна вредност од 89.350 денари.

Од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал беа преземени соодветни мерки и активности, како и претрес на домот на осомничениот и по обезбедувањето на доказите и целосното документирање на случајот до надлежното Основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за стореното кривично дело „измама“ по чл. 247, извршено од Ф.М., се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.