Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Х.Д(39) од Скопје поради давање лажен исказ.

Обвинетиот поднел Барање за издавање дупликат возачка дозвола, лажејќи дека возачката дозвола му е изгубена, иако бил свесен дека за време на неговиот престој во Германија, неговата возачка дозвола издадена во Македонија, по негово лично барање, била заменета за германска возачка дозвола.

Врз основа на таквото Барање, од страна на МВР – Сектор за управно-надзорни работи му била издадена нова дупликат возачка дозвола на име на пријавениот Х.Д., со што постои основано сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело „давање лажен исказ“, предвидено и казниво по чл.367 ст. 3 од Кривичниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.