Вчера на Граничен премин Меѓународен аеродром – Скопје при проверка било констатирано дека Б.С. (33) од Битола се наоѓа на листата со мерка „А“ (Апси) по наредба на Основен суд Битола.

Исто така, лицето М.Р. (45) од Скопје се наоѓало на листата со мерка „А“ (Апси) по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка.

Лицата биле приведени и предадени во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.