Во неделата навечер во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Г.(30) од Куманово затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера, пак, во 19.20 часот по добиена наредба од Основен кривичен суд, инспектори од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршиле претрес во домот на А.П.(24) од Скопје. При претресот пронајдено е: ЛСД, дигитална вага со остатоци од марихуана и семки од канабис. Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по член 215 од КЗ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.