Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(20) од Скопје, затоа што на улицата „Петар Делјан“ во Скопје бил затекнат при обид за обљуба врз 38-годишна жена од Скопје.

Како што информира МВР, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.