Во регионалниот суд во Франкфурт започна судскиот процес во кој обвинет за тероризам е германскиот државјанин Филан М. кој е по потекло од Македонија. Како што потврдија германските медиуми, станува збор за синот на д-р Жан Митрев кој е сопственик на приватна кардиохируршка клиника во Скопје.

Сега веќе 25 годишниот, Филам М. пред една година заедно со уште двајца турски државјани се уапсени како „поддржувачи на терористичката милиција на ИСИЛ“.

Тие се обвинети за подготовки за извршување на религиозно мотивирано кривично дело во Германија користејќи експлозив или огнено оружје за да убијат што е можно повеќе луѓе, таканаречени „неверници“.

Според шефот на јавното обвинителство во Франкфурт, Филан М. веќе обезбедил хемикалии со цел да состави експлозиви и се обидувал да обезбеди и оружје преку интернет.

Филан се појавил во судот на 2 септември годинава и текот на судењето е опишан детално на германскиот локален медиум „Франкфуртер Рундшау“.

Осомничениот влезе во судницата облечен според салафистички дрес-код. Со сива јакна, долга и бујна брада која не може да ја покрие ниту една заштитна маска. Носеше црни панаталони и кожни обувки. Сликата ја заокружуваа металик-сребрените лисици. Филан М. ваква мода може да си дозволи, бидејќи неговиот татко е сопственик на клиника за кардиохирургија, се вели во текстот на „Франкфуртер Рундшау“.

Филан пред неколку години ја променил својата вера и преминал во ислам, а германскиот медиум сега го опишува, како радикален исламист припадник на салафисти-џихадисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.