Локалните медиуми од тетовскиот регион бараат брза и праведна реакција од обвинителството и од полицијата откако лекар-специјализант, син на познат лекар од Тетово, во континуитет им се заканува по нивниот и по животот на децата и семејството, само затоа што пренеле вест од српскиот весник „Курир“, објави „СДК.МК“.

Како што пишува „СДК.МК“, тој во низа постови на профилот на Фејсбук, со пиши-бриши методи се заканува, наведувајќи ги медиумите: „Без цензура“, „ТВ 21“, “Газета експрес“, „Тетова сот“, „Коха Тв“, „Коха њуз“, „Куманова сот“, „ТВ Шења“, „Лајми прес“ и им порачува: „Јас работата ќе ја загубам, ама вам животот ќе ви го земам каде и да сте!“.

Заканите од синот доаѓаат по преземената вест, според која таткото на А.Е. наводно се понудил да работи во Србија, по што следеле разни реакции на социјалните мрежи за неговата хумана намера.

Целиот текст тука.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.