Синоќа околу 22 часот во СВР Скопје бил приведен М.С. (32) од Скопје, кој бил во алкохолизирана состојба, поради нарушување јавниот ред и мир со кршење на предмети во автобус со број 5 на ЈСП Скопје, додека сообраќал во близина на спортски центар во населбата Аеродром, по што и физички го нападнал возачот на автобусот Б.Ш. (57) од Скопје.

По излегување од автобусот на автобуската постојка, М.С. бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.