Синдикат на полиција на Македонија изразува безрезервна подршка на сите припадници на Министерството за внатрешни работи кои денеска учествуваа во обезбедувањето на јавниот ред и мир на пошироко подрачје на град Скопје, а во врска со одржаните протести за случајот „Монструм”.

Истовремено, Синдикатот на Полицијата на Македонија, како што стои во соопштението најостро ги осудува денешните напади врз припадниците на полицијата и ги повикува институциите да ги преземат сите мерки за соодветно кривично правно процесуирање на сторителите.

Апелираат кон актуелното раководството на МВР настанот да не го злоупотребуваат во маркетиншка намера и со тоа, стои во соопштението, повредените колеги дополнително да не ги изложуваат на непријатни состојби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.