Син на пратеник од владејачката коалиција претепал келнер во скопскиот ресторан „Дион“ во ГТЦ, дознава „Нетпрес“ од вознемирените гости, сведоци на настанот кои објаснуваат дека очекувале во секој момент да биде употребено и оружје.

Според информациите на порталот, напаѓачот се појавил заедно со група пријатели и по бројните закани за наводен долг на вработениот кон него, синот на пратеникот почнал и да го удира, на што реагирале останатите вработени и ги одвоиле, но расправијата продолжила.

Полицијата врши увид по што ќе се знаат повеќе детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.