Во полициската станица во Кичево синоќа бил приведен 30-годишен жител на овој град, со иницијали М.М., поради сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Н.М. (50), по што тој починал. На местото на злосторството извршен бил увид од јавен обвинител и екипа од полициската станица Кичево. Од МВР информираат дека работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.