Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 56-годишен гостиварец за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар.

Од втората половина на 2018 година до 27 февруари 2019 година, на сопствено земјиште на улицата „Сретко Крстески“ во Гостивар, обвинетиот градел објект без одобрение за градење издадено од надлежен орган. Притоа, најпрвин купил земјишна парцела, а потоа без да ги обезбеди потребните дозволи, започнал да гради објект – станбена зграда со три ката и подготовка за четврти кат, велат од гостиварското обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.