СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.С.(67) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 23.07.2017 година до ноември 2017 година, како што соопшти денеска МВР, пријавената како помошник директор на Јавното претпријатие „Охридски комуналец” – Охрид, и покрај тоа што била разрешена од функцијата директор на јавното претпријатие, си доделувала плата како директор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.