Вчера околу 15:40 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип – Радовиш, Д.П.(41) од Босна и Херцеговина, управувајќи патничко возило „фолксваген”, со швајцарска национална ознака, изгубила контрола и излетала од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.П.(42) од Штип, додека Д.П. и двајца малолетни сопатници од Штип се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.