Лице вработено како шумар во НП Галичица ја злоупотребил службата и дозволувал сечење на дрва кои се во сопственост на државата, тврди „Охрид24.мк“.

Како што дознава „Охрид24“ веќе е покрената внатрешна истрага, а известени се и останатите надлежни органи, како што се Шумска полиција – Охрид, СВР Охрид – сектор за стопански и економски криминал и инспектор за шумарство.

Истот лице наводно вршело  притисок за вработување на негов близок на позиција шумарски техничар, иако не ги исполнува критериумите наведени во огласот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.