Новороденче било оставено денеска на тротоар во скопската населба Топанско Поле, објави „24 Инфо“. 

Според нивните извори, бебето било туку што родено и целото во крв кога го забележале минувачи околу 11 часот на булеварот „Македонско-Косовско бригада“. Новороденчето било голо и оставено на тротоарот покрај тревник. Во непосредна близина, на улицата, била фрлена папочната врвца која ја пресекла мајката по породувањето.

Бебето со возило на Итна помош веднаш било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.