Министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски на Фејсбук вчера пренесе само една вест од билтенот на МВР – онаа дека двајца полициски службеници се суспендирани поради земање поткуп.

Ред, правда, дисциплина, побара министерот и ги повика граѓаните да се охрабрат да ги пријавуваат ваквите случаи.

Е сега, да видиме до каде сме со редот, правдата и дисциплината.

Полицајката Е.С. (29) од статусот на Спасовски, која вчера заработи кривична пријава за земање поткуп, денеска наместо суспензија, работи во прва смена – обука на кадети.

Од фотографиите и снимката направени денеска во Куманово можете да видите дека таа е денес на терен во центарот на Куманово и стопира возила, легитимира возачи и ги подучува кадетите како се работи.

Ако баба лаже, трап не лаже. Дилемата ја решивме – полицајката не е суспендирана и се уште ги извршува работните обврски. Толку од редот, правдата и дисциплината на Спасовски.

Она што го охрабруваме министерот Лажна вест Спасовски да одговори дали се работи за истата полицајка која пред неколку години не беше примена во МВР на конкурс поради слаби резултати, за потоа тој лично да се заложи и да ѝ даде решение само затоа што се во роднински односи? И дали и кога планира да ја суспендира?

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.