Во Полициската станица Карпош вчера во 21.30 часот, вработена во Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“, пријавила дека истиот ден во 15.30 часот од установата самоволно се оддалечила штитеничката на домот М.С.(15) од Скопје. Таа повеќе од 10 пати досега ја напуштала установата и била враќана од полицијата.

Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.