Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип вчера ја лишија од слобода Д.Ц.(49) од Штип.

При претрес извршен со судска наредба во нејзиниот дом биле пронајдени и одземени 13 пакувања прашкаста материја и предмети кои потекнуваат од кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, соопшти МВР.

Д.Ц. е приведена во полициска станица и по комплетно документирање на случаите, против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.