Жена од Штип агресивно се однесувала и упатувала закани кон вработени во Клиничката болница во Штип. Инцидентот бил завчера пријавен, по што полицијата од слобода ја лишиле четириесет и шестгодишната С.Р од Штип.

Надлежните од СВР Штип велат дека по комплетирање на случајот против С.Р ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА го потврдува инцидентот и вели дека се случил на одделот за рендген.

Што се однесува за соостојбата со Ковид центарот, таа е нормализирана. Во моментов имаат 27 слободни кревети, на Инфективното одделение се лекуваат 32, а на одделот за Анестезиологија тројва потешки пациенти. На кислородна поддршка имаат вкупно 25 пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.