Маж загинал откако паднал чистејќи оџак, вчера во Штип, соопшти МВР.

Како што соопшти полицијата, вчера околу 09.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во Клиничка болница Штип со тешки телесни повреди бил донесен Ј.М. (56) од селото Злетово, кој по укажаната помош починал.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите откако паднал од покрив при чистење оџак.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Пробиштип, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.