Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Е.М.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба“. Е.М. делата ги извршил во периодот од 31.12.2019 до 17.01.2020 година во Штип.

Тој со употреба на сила и подесен алат успеал да влезе во три куќи, еден фризерски салон и три возила од каде бесправно одзел апарати за домаќинство, мобилни телефони, лап топ компјутер, прехранбени продукти, разновиден алат, акумулатори и други предмети, при што се стекнал со противправна имотна корист. Дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.