Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 16:00 часот, во близина на скопскиот Градски стадион го привеле Р. Д. (41) од Штип, баран врз основа на судска наредба од Основен суд Штип за издржување казна затвор од две години.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето е предадено на полициски службеници за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.