32-годишен жител на селото Уларци поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот на 23 март, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, за време на полицискиот час со автомобил се движел по локалниот пат меѓу селата Долни Балван и Таринци.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Штип достави предлог со кој бара на лицето да му биде определена парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.