Предметот „Меѓународен сојуз“ во својата суштина е продолжение на предметот „Рекет“, невладината на Боки 13 многу веројатно била користена за да се „перат“ парите од милионскиот рекет на десетици бизнисмени.

На денешното рочиште на „Меѓународен сојуз“ сведочи Агапи Дика, сестра на Мери Дика Георгиевска, судијка на Апелациониот суд во Скопје.

Дика пред судот тврди дека била Боки 13 им кажувал на неговите родители дека додека бил во Белград работел на проекти за Европска Унија за социјално ранливи категории.

Еден ден Јовановски се решил да им предложи на другарите на мајка му да направат „Меѓународен сојуз“, тврдејќи дека од Европската Унија бил избран помеѓу 50 кандидати тој да биде претседател на невладината организација.

Дика како претседател на Собранието на „Меѓународниот сојуз“ посведочи и кој се бил присутен на свечениот коктел кој го организирал невладината на Боки 13.

Народниот правобраниетел, претставници од министерство за труд и социјала, образование и култура, МВР, министерство за здравство и други. Беше присутен тогашниот градоначалник, Жерновски, Стефан Богоев, веде градоначалник на Струмица Костадин Костадинов, Петре Шилегов. Англискиот амбасадор. На таа седница, тоа беше еден вид на презентација за „Меѓународниот сојуз“ – изјави Дика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.