На 26.08.2022 во 20.55 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ при влез во Македонија, приведен е О.Б.(43) од Албанија, поради нудење поткуп.
О.Б., кој бил заменски возач на автобус со албански национални ознаки, влегол во службената просторија на раководителот на смена и понудил банкнота од 50 евра за наводно да се забрзала контролата на патните исправи на патниците.
Веднаш е лишен од слобода и за настанот бил известен Јавен обвинител кој наредил пријавениот да биде задржан и против него е поднесена кривична пријава, по што му е одредена мерка притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.