Вчера рано наутро на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „порше“ и на патничко возило „ауди А8“, но возилата не застанале.

Набргу возилото „порше“ застанало и при негова проверка биле пронајдени 16 мигранти (две малолетни лица), од кои пет од Пакистан, шест од Еритреја и пет од Непал, сите без документи за идентификација.

Мигрантите и возилото биле предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.