Шест лица се повредени, од кои едно тешко, во сообраќајната незгода која се случи вчера во 17.30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. До несреќата дошло при судир на две патнички возила, „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(51) од с.Пузаљка и „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Г. (21) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди повреди се здобила Ј.И.Н.(20) од с.Пузаљка, сопатничка во првото возило и била пренесена во болницата во Куманово. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.