Шест лица се повредени, никој потешко, во сообраќајкната несреќа што вчеравечер во 22.30 часот се случи на крстосницата од булевар „Партизански одреди“ и булeварот “8-ми Септември“ во Скопје.

Како што соопшти МБР, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „пежо боксер“ (санитетско возило) со скопски регистарски ознаки управувано од Т.Б.(57) од Скопје, патничко моторно возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(25) од Ресен, и пешак Н.В.(25) од Скопје.

Во незгодата со повреди се задобиле Т.Б. и три лица сопатници во возилото Д.Б.(28) од Битола, В.Г.(23) од Гостивар и В.А.(55) од Струмица. Со повреди се здобиле и К.Ѓ. и Н.В. На повредените им е укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.