Шест возачи на товарни моторни возила и автобуси под дејство на алкохол на територија на СВР Битола, соопшти МВР.

Како што соопштуваат од министерството, во текот на утринските часови (10.08.2022) во периодот од 04.30 до 07.00 часот на тероторијата на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат товарни моторни возила и автобуси под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се шест возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.