Три лица се здобиле со полесни повреди во три од вкупно шест сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во три била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 76 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престигнување, седум возачи за не носење заштитен шлем, 13 возачи за не користење сигурносен појас и 14 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени 15 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 76 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 63 возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.