Шест полицајки поднеле пријава дека повеќе од една година биле сексуално вознемирувани со закани дека ќе го изгубат работното место од раководно лице во полициска станица во Скопје. Од МВР велат дека веќе ги испитуваат сите наводи од пријавата.

Полицајките ги повикуваат сите надлежни институции да го расветлат случајот за кој биле информирани и одговорните од Независниот полициски синдикат. Синдикалците бараат заштитни мерки за полициските службенички и се сомневаат дека бројот на полицајките кои биле сексуалномалтретирани бил поголем.

Од МВР информираат дека случајот е веќе регистриран во Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кои веќе преземаат мерки и активности за негово расчистување и строго санкционирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.