Шест лица се повредени, од кои еден потешко во сообраќајната несреќа што се случила вчера во 14.50 часотна регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови, во близина на Мавровска крстосница.

Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(50) од Свети Николе и патничко моторно возило „ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(47) од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Л.М.(37) и две деца на возраст од пет и три години, потоа возачот И.Р. и сопатничката од истото возило Р.Р.(43), констатирани во Медицинскиот центар Гостивар.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.