Шеснаесетгодишна малолетничка од радовишкото село Габревци вчера била прегазена од тракторска полуприколка откако паднала од тракторот, соопшти полицијата.

Според Хризантема Рендевска, портпаролка на СВР-Струмица, тракторот го управувал нејзиниот дедо Ѓ.А. (60) од истото село.

Малолетничката паднала и била прегазена од полуприколката по што веднаш починала, соопшти Рендевска.

На местото на несреќата увид извршил јавен обвинител и екипа на Полициската станица од Радовиш. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.