Семејството на 83-годишниот скопјанец Димитар Филиповски побара помош од јавноста за било каква информација каде би можел да биде.

Како што објавија на социјалните мрежи, тој исчезнал во близина на Драчево.

Од полици Полициската станица Драчево велат дека вчера околу 10.30 часот, Т.С. од Скопје пријавила дека одсемејниот дом се оддалечил нејзиниот татко Д.Ф.(83) од Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.