Семејствата на Бесир Беља и Скендер Демири в петок ќе излезат на протест преку кој, како што велат, ќе побараат правда.

Тие денеска најавија дека протестниот марш ќе започне од паркот во Чаир, а ќе заврши пред Апелациониот суд.

Семејствата бараат делата на нивните синови да се преквалификуваат од „убиство“ во „насилство со смртни последици“. Како што велат, пресудите се со двојни стандарди и се носат на етничка основа.

Бесир Беља и Скендер Демири се осудени на 16 години затвор во случајот „Саздовски“. Како резултат на здобиените тешки повреди, Никола Саздовски почина во болница, откако претходно беше хоспитализиран 2 недели.

„В петок бараме правда, бараме да бидеме еднакви, бараме на нашите браќа да им се суди за делото што ја извршија, а не за свирепо убиство. Бараме преквалификација на делото. Ве повикуваме в петок да ни се придружите. Јас братот на Бесир, до мене таткото на Скендер и братот на Јетон не бараме ништо повеќе од вистината и правдата“, истакна еден од роднините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.