Во 18,30 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата „Адем Адемоски“ се одвивала вистинска драма кога 77-годишната В.П. се обидела да влезе во куќата на нејзината ќерка К.Н. а зетот Љ.Н. по кратка вербална расправија со неа, во еден момент ја турнал и паднала на скалите пред влезната врата од куќата.

Од падот се здобила со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата Болница-Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.