Седумнаесетгодишна девојка е повредна како пешак во сообраќајна незгода која се случи вчера на крстосницата кај градскиот плоштад во Тетово.

-Вчера околу 14 часот и 45 минути, на крстосницата на улиците „Страшо Пинѓур“ и „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, патничко моторно возило „шкода рапид“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот А.Д. од тетовска Шипковица, удрило во 17-годишна тетовка (пешак). Таа била пренесена во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Овој месец, на 13 јануари, во Тетово имаше сообраќајка при што загина пешак 6-годишно девојче, откако било удрено од возило на булеварот „Видео Смилевски-Бато”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.