Седумдесетгодишен возач со автомобил удрил во 82-годишен старец во скопската населба Ченто.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 12:30 часот на крстосница од улиците Методија Андонов Ченто, Христофер Жефаровиќ и Сава Михајлов, кога автомобил „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(70) од село Стајковци, Скопско, удрил во велосипедистот В.Т.(82) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.