Тетовец на возраст од 77 години починал по пад во водоводна шахта, информира денеска СВР Тетово. Настанот се случил вчера во дворот од неговата куќа.

Околу 11 часот и 30 минути, во СВР Тетово пријавено е дека тетовецот Ј.Р.(77) паднал во водоводна шахта во дворот од неговата куќа на улица „Коле Неделковски“ во Тетово и починал. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид и при тоа не се констатирани траги на насилство, по што телото на Ј.Р. предадено му е на семејството, информира Марјан Јосифовски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.