Д-р Маргарета Атанасовска-Трипуновска, специјалист по општа медицина во Итната медицинска помош во Скопје – 194, за „Факултети“ вели дека често укажуваат помош по сообраќајки пред да почне полицискиот час.

Животот во пандемија веќе подолг временски период донесе со себе вознемиреност, страв, несоница, расеаност, замисленост, намалена концентрација и намалена можност за брза реакција во дадени ситуации кога тоа е потребно. Со оглед на тоа дека во изминатиот исклучително тежок период ваквите промени се случуваат речиси кај секој од нас, тие се особено потенцирани непосредно пред почетокот на полицискиот час. Од тие причини, токму во тој временски интервал се забележува и зголемување на бројот на сообраќајни незгоди. Во тој контекст индикативно е тоа што од 21:30 до 22:00 часот, во периодот кога полицискиот час почнуваше подоцна, секој ден, а особено во викендите, екипите на Итната медицинска помош имаа зголемен број на интервенции при сообраќајни незгоди, вели д-р Атанасовска-Трипуновска.

Докторката додава дека пред имало ситуација кога имало седум сообраќајки во интервал од половина час. Сообраќајните незгоди најчесто се случуваат низ населбите во помали и непрегледни улички или раскрсници, а за време на викендите и на патните правци што водат до викенд-населбите.
Досегашните примери на сообраќајни незгоди укажуваат на тоа дека најчесто причината за несреќата е невниманието.

Најчеста причина е невниманието. Сепак, брзањето да се запази времето на почеток на полицискиот час, а секако можеби и помислата дека треба да се биде затворен дома, кај некои лица дополнително предизвикува тензија, што впрочем претставува и можеби главна причина за настанување на овие незгоди, вели д-р Атанасовска-Трипуновска.

Целата сторија на „Факултети

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.