Седум лица се повредени, од кои една жена потешко во соообраќајната несреќа што вќера во 21.30 чaсот се случила на регионалниот пат Куманово-Липково, кај с.Опае.

Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(51) од с.Липково и патничко возило „бмв 730“, со швајцарски национални ознаки, управувано од А.С.(26) од с.Опае.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „сеат ибица“, Р.М.(43) од с.Липково, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште четири сопатници од двете возила, констатирани во Ургентниот центар Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.