Поминаа седум години од најмонструозното убиство кое Македонија го памети во поновата историја. Годините минуваат, но болката кај најблиските на убиените не поминува.

Сол на нивната рана е фактот што убијците се на слобода. Во целата темнина која со години ја живеат, искра надеж добија во ветувањата на Заев дека со нив ќе сподели докази. Но, сфатија дека политичарот само сакал власт, а не правда. Беа најгрубо изиграни, а тоа беше уште еден удар кој ги боли многу.

КОД пред две години објави цел документарец за трагичната судбина на убиените, а во него ги имаше и сведоштвата на родителите на убиените момчиња.

Огорчени се на неправдата која актуелниот премиер им ја нанесе.

-Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај, ни прати порака дека ќе ни ги даде тие државни тајни, од тоа ништо.

-Ние сме огорчени од тоа, од самиот Заев. Многу ни ветуваше и на крај ништо.

-Неговата гаранција видовте колку им вреди.

Ова е дел од емисијата, емитувана пред две години

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.