Неготино е во шок и голема тага откако вчера низ градот молскавично проструи веста за ненадејната смрт на осумгодишно момче од градот.

Од СВР Велес за „Фокус” велат дека детето без знаци на живот било однесено во неготинската болница.

Околу 13.30 часот детето било донесено во болницата во Неготино, каде била констатирана смрт.

Јавен обвинител од ОЈО Кавадарци извршил увид, се работи за природна смрт, по што телото на момчето е предадено на семејството – изјави портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Според обвинителството, момчето по завршување со училиштето заедно со уште неколку деца седело во двор, а во близина имало и возрасни лица. Се пожалило дека му е лошо, по што паднало, и веднаш било пренесено во болницата.

Неготинчани вознемирени од лошата вест, со неверување се простуваат од младото момче на социјалните мрежи посветени на градот и изразуваат сочувство до родителите и семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.