Министерството за внатрешни работи објави детали во врска со синоќешната физичка пресметка која се случила во „Трибека“, при што бил кршен и инвентарот на угостителскиот објект.

Вчеравечер околу 20:15 часот во угостителски објект на бул.„Илинден“ во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Х.Ј.(19) и А.С.(27) двајцата од Скопје, а во врска со претходна пријава дека во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Ѓ.(28) од Скопје и Х.Ј.(19), по што А.С. (27) почнал да го крши инвентарот од угостителскиот објект, велат од МВР.

Според сведочењето на присутните, сите тројца претходно седеле на иста маса.

Потоа А.С. физички ја нападнал и Е.Х.(18) од Скопје која била заедно со С.С.(19) од Скопје, а потоа и го искршил мобилниот телефон на Е.Х., стои во соопштението од министерството.

На местото на настанот е извршен увид, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.