Ноќеска (13.06.2021) во 01:28 часот по добиена пријава во СВР Скопје, полициски службеници од Полициска станица Карпош извршиле контрола во стан на бул.„8 Септември“, во кој престојува П.П.(25).

При контролата, покрај П.П., биле затекнати уште седум лица на домашна забава, на возраст од 25 и 26 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.