Во Државно училиште за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје денеска избувна пожар, кој како што информираа за МИА од Скопската противпожарна бригада, бил успшено изгаснат и не предизвикал поголеми штети.

Имаше зачадување во просторот. На терен беа испратени 11 пожарникари, односно три противпожарни возила чисто превентивно, но пожарот не беше голем и брзо беше изгаснат, изјави командирот на Противпожарна бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томески.

Причината за предизвиканиот пожар ќе биде дополнително утврдена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.