Утринава во дворот на МВР се запалило полициско возило „Пинц Гауер“. Пожарот избувнал во близина на бензинската пумпа која е во рамки на мининстерството. Засега не се зане зошто полицискиот транспортер се запалил и поради кои причини. Пожарот бил веднаш угаснат од противпожарната бригада а на лице место полицијата правеше увид на опожареното возило. МВР демантира дека горела зграда во комплекстот на министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.